1. Кои лични податоци ги собираме?
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, EAM ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта
При користење на услугата On-line купување, EAM ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта
При користење на услугата Рефундирање на средства, EAM ги обработува Вашите лични податоци и тоа:
• вашето име и презиме
• информации за Вашата трансакциска сметка
При користење на услугата Контакт во Информации, EAM ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса на е-пошта
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), EAM ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• адреса на е-пошта
Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.
2. Начин на собирање на личните податоци
Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
EAM ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
• администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата eam.com.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за рефундирање на средства;
• за контакт по пат на електронска пошта;
